НЕМОЖАМ ДА ТИ ОПИШАМ КОЛКУ СЕ ПРИЈАТНИ ПРЕД ПРЕСВЕТАТА БОГОРОДИЦА ЦЕЛОМУДРОСТА И ЧИСТОТАТА...

 


НЕМОЖАМ ДА ТИ ОПИШАМ КОЛКУ СЕ ПРИЈАТНИ ПРЕД ПРЕСВЕТАТА БОГОРОДИЦА ЦЕЛОМУДРОСТА И ЧИСТОТАТА


Триесет и трето писмо

Ние чедо мое,за се тоа што го пишуваш, го поминавме еднаш,двапати и многу пати.

Напишавме книга за тие промени некој да,ако случајно настрада,да не биде очаен, но да не би останал ниту празен,како што сега правиш ти.

Потребен е напор,потребна е борба,потребно е најголемото смиреноумие и совршено послушание.

Спрема тоа,не стој туку заплачи: Христе мој! Пресвета Богородице моја!

Не ослабнувај, не ги прифаќај помислите.

Непрестрајно повикувај го Христа.

И пред искушението да ја засади помислата во твојот ум,уништи го со молитвата. Не пуштај го.

Кога пак ќе ја оставиш нечистотијата која ти ја испрати непријателот,тој за кратко време ќе те закопа во истата нечистотија.

Каква борба е потоа потребна да би се очистила! И затоа присилувај се себе си.

Потребен е напор и труд,тоа не е шега!

 Крвта да потече од твоето срце. Да ја испиеш горчината и отровот, и со тоа да ја вкусиш сладоста.

Немој да мислиш дека тоа е мала борба.Треба да заплачеш и да повикаш: Исусе мој,спаси ме! Пресвета Богородице,помогни ми!

Јазикот нека ти работи како машина:Господе Исусе Христе,помилуј ме! Господи Исусе Христе ,помилуј ме! Господи Исусе Христе,помилуј ме!

А кога ќе се умориш, ќе дојде таква утеха каква никогаш не си вкусила. Но ако бидеш мрзлива и немарна како што си сега,засекогаш ќе останеш неисцелена.

Човекот кој седи во својот дом, не оди по патот кон Цариград. Монахот кој е немарен и не се моли нема да се удостои со Горниот Ерусалим.

Стани! Приложи една пара, да би Благодата Божја приложила илјада таланти.Покажи ја својата добра намера.

 Одврати го своето лице од непријателот.

Зошто дозволуваш душата твоја да прави прељуба со демонот?

Каде е тука смиреноумието,кога гледаш и зборуваш дека сите се криви и дека само ти си во право? 

Смиреноумието е кога другите грешат а ние направиме метанија пред нив и кажеме: Прости ми брате мој и благослови, пред да тој успее да побара простување.

Нека тоа не ти бидне напорно или тешко.Тоа не е ништо спрема онаа што за нас го направи Владиката Христос.

Пред Ангелите се поклони и направи метанија од небото до земјата, се свитка пред небото и слезе - Бог кај луѓето.

А ти целиот свет да го свртиш наопаку нема да кажеш едно ,,Благослови!" Каде е тука смиреноумието?

Кога ќе се смириш, сите ќе ти бидат свети.

Меѓутоа кога си горда, сите ќе ти се чинат  несоодветни.

Што е повалкано од гордоста и посмрдливо од нечистите демони?

Но ти ги трпиш и тие те осквернуваат.

Лесно им допушташ да влезат и да ја срушат твојата ограда, но да видиме,како потоа ќе излезат!

Лесно ги примаш срамните и нечисти помисли, но да видиме како ќе ги очистиш!

На Бога не му е ништо поодвратно колку противзаконијата,сладострасната нечистотија на телото. 

Човекот кој чини прељуба со нечистите помисли целиот мириса како пцовисано куче.

Оној кој се подвизува и го чува своето тело чисто, а својот ум неосквернен од нечистите помисли,животот и молитвата се вознесуваат кон небото како миомирисен темјан.

Тоа за што ви сега зборувам,јас навистина го видов. Не постои друга жртва која пред Бога би била толку миомирисна како што е чистотата на телото,а таа се здобива со крв и тешка борба.

Имам многу да ви зборувам за таа блажена чистота која ја вкусив и чиј плод го јадев.Меѓутоа, ниту ти, ниту твоите сестри не сте во состојба да го поднесете онаа што би ви кажал.

Сега да ви кажам само едно: дури и облеката која ја носат таквите луѓе мириса како освежителна мирохранилница,чиј мирис се раширува и го исполнува целиот негов дом.

И тоа е сведоштво Божјо за блажената чистота, за најсветата девственост.

Поради тоа присилувајте се себеси да ја исчистите душата и своето тело. Во никој случај не ги прифаќајте нечистите помисли.

Ќе сфатите за што ви зборувам и сигурно ќе поверувате на моите зборови.Испитувајте го онаа што досега ви го пишував и на дело ќе се уверите дека на основ на моето искуство ви ја зборував вистината.

Таму каде постои послушание,смиреноумие и подвиг, демоните неможат да го заробат човекот.

Лутината,непослушноста и гордоста раѓаат униние и небрежност тогаш пристапуваат демоните. Во душата на таков човек прават депонија и штала.

Не се смируват се додека не го направат одговорен и за старите и за новите гревови и додека не го заробат.

И затоа присилувај се себеси,чедо мое, и нека тоа го направат и останатите сестри.Ако бидете немарни, ќе пострадате од злото и гнасотијата.

Но ако се присилувате,ќе биднете вечно спасени. Ќе станете миомирисен темјан и скапоцено миро. Ќе постанете вистинска жртва словесна и угодна на Господа.

Неможам да ти опишам колку се пред Пресветата Богородица пријатни целомудроста и чистотата.

Бидејќи дека таа Единствена Пречиста Дева, сака сите ние да бидеме такви.

Штом заплачеме,таа брза да ни помогне.

Не успеваш ниту да кажеш:

,,Пресвета Богородице,помогни ми" таа веднаш како молња,ни го осветлува умот и ни го исполнува срцето со светлина привлекувајки го умот кон молитва а срцето кон љубовта.

И често целата ноќ проаѓа во плачење и со ѕвонливи гласови додека ја славословиме Неа, и повеќе од се,Оној Кого го носи во закрила.

Спрема тоа,присилувајте се себеси, во тишина молете се,бидете послушни и смирувајте се, да би сте се здобиле со секое добро.

Имате благословена старица,која е миомирис Христов. Немој да ја ожалостите. Немој да и противречите.

Бидете тивки и молете се,давајки и на неа можност да бидне тивка, кога таа ќе почине и кога ќе ја изгубите, ќе останате како ноќни врани на ѕидините (Пс.102,6) и тогаш ќе се покаже нејзината достојност, но тогаш за вас ќе бидне доцна.

И на крај,уште еднаш те замолувам,чедо мое,присилувај се сама себеси и не губи време.

Не ме замарај барајќи да ти пишувам, туку стани и згази ги своите непријатели.

Постани земја по која ќе газат и биди послушна да ти остане душата твоја жива.


Свети Јосиф Исихаст


Comments