Бог се гледа...

 


Бог гледа...


Ако си на ум да лажеш, сети се дека Бог гледа.. 


Ако си решил да украдеш или запалиш, или да отруеш или да убиеш, сети се, Бог гледа...


Ако се радуваш на туѓото зло или ако си немилостив спрема бедните, сети се Бог гледа...


Ако во тебе се појави желба за прељуба или среброљубие, знај дека Бог гледа...


Бог гледа...


Секогаш мисли за тоа.Што и да смислиш или посакаш или планираш, сети се Бог гледа. Од тој поглед не бегај, туку целата своја душа изложија кон вечното гледање.

И тоа ќе ги изгори во тебе сите твои гревови и нечистотијата твоја во самиот почеток...

Така твојата душа ќе биде здрава. Таа секогаш ќе се капе во светлината Божја.

И ќе биде топла од таа светлина, и во неа како во добрата земја ќе роди после секое Божјо сеење.

А Божјото сеење е оној, кој не се плаши од светлината на Божјото гледање, туку му се радува и го бара, и се свртува по него како сончоглед по сонцето...


Свети Николај Велимировиќ



Comments