Човекот Божји има особина, сите луѓе да одмараат во неговата близина...

 


Човекот Божји има особина, сите луѓе да одмараат во неговата близина.

А кога им се обраќа, секој да се пронајде.

Секој човек да се најде себеси.

Погледајте, сите го читаме Евангелието.

Секој разбира онаа што ќе го прочита.

Сите ние разбираме, дури и оние кои се можеби неписмени нешто разбираат.

Сите нешто прифаќаат.

Народ Божји, зошто зборува со Светиот Дух Кој ги води и просветува, онаа што тие го кажуваат, во секој од нас станува онаа што ни треба.

И сите мислат: што кажа, за мене што кажа!

Како Мана.

Кога Бог како дожд ја прати Маната, тоа беше храна која Бог ја даде во пустињата на Евреите.

Но секој кој ја јадеше таа храна, за секого таа храна постана онаа што им требаше.

Односно, ако им требаше витамин Б,Ц,Д , тоа така беше направено.

Ако им требаше слатко, стануваше слатко.

Ако на некого до мене му требаше кисело, стануваше кисело.

Ако му требаше горко, стануваше горко.

Секој доби онаа што му требаше.

И оваа е многу моќен пример, кој ни покажува колку Бог ја почитува индивидуалноста на секое лице.

Како во овоштарникот има полно дрвја, а водата влегува кај сите и лимонот зема вода од земјата и станува кисел.

Покрај него е портокалот и добива од истата вода и станува сладок портокал

Таму е и грејпфрутот, иста земја иста вода и тој станува горко-сладок грејпфрут.

Таму има и вишни, и црешни.

Таму има и смокви.

Така секој се наводнува тоест се залива со зборот Божји од устата на Светителите Божјите луѓе, и секој збор стануваа онаа што треба.

И така човекот одмара.

Го чувствува овој одмор, овој мир во својата душа.


Митрополит Атанасиј Лимасолски


Comments