Бог е се, прво и последно богатство на нашата душа!...

 



Погледајте ја билката која се вика сончоглед: што е тоа што ја привлекува така накај сонцето и е секогаш свртена накај сонцето? Во сонцето е животот на билките.

Кога сончогледот не се врти накај сонцето, тоа е знак дека коренот му е изгризан од црвите и билката умира.

Погледајте го исто така оганот кој пламти, зошто пламенот секогаш оди нагоре во висина?

 Затоа што неговото гориво е воздухот елемент над земјата.

Кога пламенот не оди нагоре значи дека нема храна тоест воздух и се гаси.

Така е и со Христијаните оној оган на љубовта Божја, за кој зборува и Господ Исус Христос секогаш треба да тежнее накај Него.

А тоа би бил доказ за правиот духовен живот, кога го нема тој огин, таму го нема ни правиот живот.

Бог е се, прво и последно богатство на нашата душа!

Што значи тоа што никаква овоземска работа, ниту честа, ниту богатството, ниту даровите, ниту знаењето не го задоволуваат нашето срце? 

Што значи тоа што покрај нашата среќа на нас ние досадно, не опфаќа униние, и чувствуваме некаква празнина во нашата душа?

 Тоа е јасен, силен глас на срцето кое ни зборува: Човеку! не барај богатства на земјата, во оваа долина на суетата и гнилежот, твоето блаженство само е во единствениот Бог! барај ги сталните наслади и спокојства.


Свети Јаков Архиепископ Нижегородски

Comments