Чудото на малиот Крст што го носел Свети Нектариј Егински

 Чудото на малиот Крст што го носел Свети Нектариј Егински

Слика на Свети Нектариј е прикажан како монах со капа, а околу вратот може да се види мал крст што му го подарила неговата добра баба во Силиврија.

Следниот чудесен настан од животот на светителот е поврзан со овој Крст уште пред неговото носење, што ни ја открива верата што Светителот ја имал во чудотворната сила на знакот на Крстот Господов.

„Додека патувале со брод со други патници кон Светата земја, Палестина, биле зафатени од големо невреме и за малку да сите да паднат во морето…

Морето наеднаш се смири!

Сите патници на бродот беа среќни, освен Светителот, кој беше тажен, бидејќи неговиот Крст се изгуби во пенастите бранови …

Но, кога бродот се закотви во пристаништето Јафа, капетанот испрати чамец со морнарите за да види каков чуден звук е тоа, нешто како тресок, кој се слуша додека пловеше покрај морските гребени. На нивно изненадување, тогаш виделе дека Крстот е заглавен токму на тоа место! Го зеле и со почит му го предале на младиот сопственик…“

Од книгата „Свети Нектариј и Свети Старец Филотеј Зервакос

Comments