Кажете ми суетни луѓе, кои живеете во лаги...

 


Дали некогаш ги забележавте малите деца,невини, недопрени деца, кога им дадете нешто што им се допаѓа, како веднаш ги отворат очите како синото небо, како ги рашируваат рацете и скокаат од радост; исто така и вие ќе направите како децата кога ќе ја почуствувате сладоста на тајното соединување со Христа, кога ќе почуствувате колку е лесно, но и колку е вистинито, тајно да бидеш обединет со Бога.

Кога ќе вкусите, ќе си спомнете за мене.

Срцето ќе ви биде поплавено од чувството на радост и ќе ги извикате зборовите на Свети Симеон Нов Богослов:

Кажете ми суетни луѓе, кои живеете во лаги,  дали го знаете оној кој го стави Христа во своето срце, дека нешто друго му треба освен онаа што е на небото и земјата.


Старец Емилијан Симонопетриски


Comments