Чудо: слепиот и старецот...


 



Чудо: слепиот и старецот





Еден слепец отидеи да се исповеда кај еден старец:

Старче, имам проблем, продавам ситници на улица за живот, но група  деца постојано ги крадат и ме удираат по глава и ми се смеат! Јас сум многу грешен старец, затоа се случува ова!

Налутен, Старецот одговара:  како не се срамат. Никој веќе ништо не почитува во оваа ера. Ајде да повикаме полиција.

А Слепиот му одговара: Што велиш старче? Не ми е гајле за нештата што ми се украдени, ниту што ме исмеваат и тепаат, ме мачи што овие  деца поради мене си ја полнат душата со гревови и црнила.. што сум слеп.

Јас сум одговорен за нивните постапки и му се молам на Господ да не им го припише тоа како грев, а тој започна да плаче!

Старецот остана без зборови. Мислеше дека има Светител пред себе и дека размислувал како световен, а не како духовен, а старецот почнал да плаче погласно од слепиот и му кажа Светителу Божји, молете се за мене.

Во тоа време целиот манастир беше исполнет со миомирис, (т.е. присуството на Божествената благодат) го почувствуваа сите присутни и траеше три дена без престан!!!


Comments