Против прекумерна грижа

 Против прекумерна грижа


    Прекумерната грижа за работите од животот е карактеристична за неверникот и кукавичкиот човек. И тешко нам ако ние, грижејќи се за себе, не ја утврдиме нашата надеж во Бога, Кој се грижи за нас! Ако не Му ги припишуваме видливите придобивки што ги уживаме во сегашниот век, тогаш како можеме да ги очекуваме од Него оние придобивки што се ветени во иднина? Да не ни недостасува толку вера, туку да бараме „пред царството Божјо... и сето тоа ќе ни се додаде“, според словото на Спасителот.

    Подобро е да го презираме она што не е наше, односно привремено и минливо и да го посакуваме она што е наше, односно нераспадливост и бесмртност. Зашто, кога ќе бидеме нераспадливи и бесмртни, тогаш ќе бидеме достојни за видливо созерцание на Бога, како апостолите на најбожественото Преображение, и ќе се причестиме во трансцедентното единство со Бога, како небесните умови. Зашто ние ќе бидеме како ангелите и синовите Божји, „бидејќи се синови на воскресението“ (Лука 20:36).

    „Има едно тешко зло“, вели Проповедник, „што сум го видел под сонцето: богатство, што се чува за зло на оној, чие е.; А тоа богатство може да се изгуби во негодно време... ;А тој во текот на целиот живот јадел во темно, и многу се грижел, ожалостувал и јадосувал“ (Проп. 5:12-16).

Свети Серафим Саровски

Comments