Слава Ти Боже, слава Ти! Ти благодарам Господи за се...


 




Слава Ти Боже, слава Ти! Ти благодарам Господи за се...




Откако отидов во болница на операција, морав да останам таму една недела и мислев дека ќе пробам една од овие три работи. 

Решив да не кажувам друга молитва во ова време освен:

 Слава Ти Боже, слава Ти! 

Ти благодарам Господи за се...

И се молев толку многу неколку дена и кон крајот на неделата сè беше толку убаво, утешно и светло што бев тажен да помислам дека морам да ја напуштам болницата. 

Во искушенијата и страдањата ние не ги правиме плановите, не сме ние тие што го избираме Крстот, туку го добиваме тој Крст што Бог ни го одредил. 

Само Господ знае колку е голем или мал Крстот што ни треба. 

И ќе ни го даде токму тој Крст кој е најпогоден и најпотребен за да се ослободиме од сета похотлива приврзаност на овој минлив живот, да трчаме по Христа со слободно срце. 

Природно, се молиме Бог да не избави од неволјите и да ни даде мирен и безболен крај но ако неволјите нè снајдат, тогаш сите ќе ги победиме со силата на Божјиот Дух...


Старец Захариј од Есекс


Comments