Ти не бараш полно од мене, љубов моја...


 


Ти не бараш полно од мене, љубов моја.


Погледај,луѓето бараат повеќе.


Завиткан сум во дебела обвивка на небитието, што ги поклопува очите на душата моја.


Ти само бараш, душата моја да ја раскине од себе магловитата обвивка и да ги отвори очите спрема Тебе, сило моја и вистино моја.


Луѓето бараат, да мојата душа се завитка во подебела и се потешка обвивка.


Помогни ми, помогни ми! Помогни ми да мојата душа дојде до слобода и леснотија, да дојде до леснотија и воздушни крила, да дојде до воздушни крила и огнени кочији.


Долги се приказните, предолги, краток е моралот - едно писмо. Приказните се преливаат во приказни, како мазното лице на моето езеро од боја во боја.


Каде е крајот на боите на преливање на водата под сонцето, каде ли е крајот на преливање на приказните во приказни?


Долги се приказните, предолги, краток е моралот едно писмо. Ти си тоа писмо, се словесни Боже.


Ти си тој морал на сите приказни.

Што звездите пишуваат по небото, тоа тревата шепоти по земјата. Што водата струи по морето, тоа огинот струи под морето. 


Една е суштината на сите работи, еден е морал на сите приказни. Работите се приказни за небото.


Ти си смисла на сите приказни.

Твоите приказни се Твоја должина, ширина. Златна грутка си во брегот од камењата.


Кога Твоето име го кажувам, се сум кажал, и повеќе од се: Љубов моја, помилуј ме! Сило и Вистино моја, помилуј ме!


Молитви на езерото


Свети Николај Велимировиќ


Comments