Дали некој заслужува да биде човек?...


 




Дали некој заслужува да биде човек?



Најлошото нешто за луѓето е смртта: да станат кал, да се претворат во црви, во глина!

Дали вреди да се биде човек?

Зошто да те сакам, Боже мој, штом утре ќе се претворам во црви и глина?

Овде, пак, Господ Исус Христос те спасува од смртта преку Неговото Воскресение, обезбедува вечен живот за твојата душа и тело, кога тоа ќе воскресне светло и соединето со душата.

Затоа Господ Исус има право да се нарекува Единствениот човекољубец, Единствениот од создавањето на светот до Големиот суд.

Само Оној кој ја победи смртта е Единствениот човекољубец, а се останато е само муабет.

А културите, цивилизациите, науките и уметностите? – Колку смешни работи!

Но, што правам со технологијата и науката кога ме претвораат во црви и кал?

Тој е Единствениот човекољубец, оној што ме ослободува од гревот, смртта и ѓаволот.

Затоа што ѓаволот е изумител на гревот, а со него и на злото.


Свети Јустин Поповиќ


Comments