Само така ќе си го направиме животот сладок...


 


 

Само така ќе си го направиме животот сладок


Нашиот Добар Бог му го направи животот на човекот многу сладок, во добра смисла духовен, но некои од нас го прават пекол со своите лоши чувства, кои не го отфрлаат световниот став, духовно да се соочуваат со работите.

И тогаш си го правиме животот сладок, во неговата лоша смисла, и никогаш не сакаме да умреме, а како одминуваат годините, „ах“ а маката се зголемува, а душата ни се исполнува со вознемиреност. Односно, многупати ние, некои напатени луѓе, стигнуваме до таква точка што сакаме да ја задржиме душата во нашето стогодишно истоштено месо со серум и да кажеме „животот е сладок“ и да трепериме да не умреме.

Додека за човек кој умрел световно и духовно воскреснал, никогаш нема вознемиреност или страв бидејќи со радост ја чека смртта, затоа што ќе оди кај Христа и ќе се радува, и се радува што повторно живее, затоа што живее повторно блиску до Христа и чувствува дел од радоста на Рајот на земјата и се прашува дали има нешто повисоко на Небото од она што го чувствува на земјата.

Значи, ова е слаткиот живот, во неговата вистинска и добра смисла...


Свети Пајсиј Светогорец 


Comments