Човечкото спасение започнува со правилна вера, а не со добро однесување...


 


Човечкото спасение започнува со правилна вера, а не со добро однесување




За човекот да се спаси, не е доволно да се биде добар човек, па дури и да не гази мравки. Човечкото спасение започнува со правилна вера, а не со добро однесување.

Спасението на човекот се состои во триптихот:

а) Крштевањето

б) Покајание и исповед и

в) Света Причест.

Ова е единствениот пат кој го води човекот во Рајот. Друг начин нема!

Царството Божјо не се стекнува со добри дела, со труд и пот на човекот, односно Небото не е награда, туку е дар и дар од Бога за Неговите деца. Ние стануваме Божји чеда (не сме сите негови деца), кога стекнуваме „сродство со Христа“, кога Христа го имаме за брат по благодат. Тоа се постигнува преку Светата Причест (крвта Христова тече во нас) и на тој начин автоматски го имаме Бог Отецот.


Димитриос Панагопулос

Comments