Секој човек роден во светот е ваш ближен...


 


Секој човек роден во светот е ваш ближен


Секој човек роден во светот е ваш ближен. Ни една чаша вода не оди залудно ако му ја понудиш на соседот. Еднаш одамна во пустината едно куче умирало од жед. По тој пат поминал еден монах и му ја дал водата што ја имал за себе и така го спасил.

Во тој момент небото се отвори и се слушна глас:

Оној што го спасил кучето ќе му се простат многуте гревови.

Така, сфаќате колку е поважно ако спасиме човек.

Блажени се милостивите зашто тие ќе бидат помилувани. Милостината ќе ви ја отвори рајската врата, смирението ќе ве пушти и љубовта ќе ви го открие лицето Божјо.


Свети Гаврил Грузиски 


Comments