Илузии..


 



Илузии..



      Илузија е да се смета обична комуникација за извршување на задачите како општество на луѓе.

    Илузија е да мислиме дека некого сакаме и ни недостига ако не најдеме малку време да го запознаеме.

  Илузија е дека се грижиме за нашиот ближен ако не можеме да ги видиме неговите едноставни секојдневни потреби и да се обидеме да ги задоволиме.

 Илузија е дека нè боли за злото што се случува во светот, ако не се молиме со болка за „паднатите и грешните“ „каде и да е земјата“.

Илузија е да мислиме дека го познаваме Бога, ако не ја држиме првата заповед за љубовта.

Илузија е дека нашите гревови се простени ако сакаме да ги повториме.

 Илузија е дека се соединуваме - се причестуваме со Телото и Крвта Христови „во вечен живот“, ако не се соединиме и со ближниот.

 Илузија е дека сакаме да го стекнеме Христовото смирение, ако не сме расположени да ја „отсечеме истата волја“ во секојдневниот живот.

Илузија е дека сакаме да го запознаеме Бога и Неговата волја ако не го читаме Светото Писмо и  книгите на Светите Отци со ревност.

 Илузија е дека веруваме во милоста Господова, ако со најмал грев внатрешно се раствориме.

Илузија е дека ние „се надеваме на Воскресение на мртвите“, ако жалиме за смртта на нашите најблиски „како да немаме надеж“.

Илузија е дека ќе се сретнеме со нашиот Господ и Бог „во последниот ден од Неговото присуство“ ако не Го сретнеме во личноста на нашите браќа.

Илузија е да се мисли дека ќе се спасиме ако не направиме се што можеме, потпирајќи се само на „Бог е љубов“.

Христос нè повика да ја спознаеме Вистината „и нека Вистината нè ослободи“. Меѓутоа, знаеме дека тој ја персонифицира Вистината во Своја личност велејќи „Јас сум Вистината“. Познавањето на Христос емпириски, соединувањето со Него во Неговата Црква која е „столбот и темелот на вистината“ (1. Тим. 3:15) нè ослободува од илузиите.


Отец Андреј Агатоклеус


Comments