Вистинската вера ги има следните карактеристики...



 


Вистинската вера ги има следните карактеристики



а) Тајно го известува верникот за вистинитоста на неговата вера.

б) Своите чекори ги насочува по патот на вистината.

в) Го исполнува со надеж која е вечна, несмалена, чиста од секаков страв и секакво жалење и во себе ја има полнотата на блаженството.

г) Го исполнува со топла и активна љубов кон Бога и кон ближниот.

д) Таа ги дава даровите на Светиот Дух.

ѓ) Таа ги дава изобилно плодовите на благодатта на Светиот Дух.

е) Повторно создава човек кој бил расипан од гревовите.

ж) Го осветува верникот и го прави работник на добри дела и образ Божји.

з) На верниците им го открива Бога.

ѕ) Има Божествени морални принципи.

и) На верниците им дава морална сила.

ј) Има небесни, копнени и хипохтони сведоштва.

к) Го исполнува верникот со морална сила, на која како нескршен камен се крши секое зло, секоја закана, секоја опасност што доаѓа однадвор. 

н) Го издигнува човекот над законите на природата и го поразува поредокот на природата.

Верата која ги има сите овие карактеристики е вистинита; и бидејќи верата што го содржи Исус Христос ги има сите овие карактеристики, затоа верата на Исус е вистинската вера.


Свети Нектариј Егински 

Comments