Убавината на душата...


 





Убавината на душата



Душата која е трогната од убавините на материјалниот свет открива дека во неа живее суетниот свет, затоа е привлечена кон созданието, а не кон Создателот, кон глината, а не кон Бога. Не е важно дали оваа глина е чиста и нема кал од грев.

Срцето, кога ќе го привлечат... световните убавини, кои не се грешни, но не престануваат да бидат суетни, чувствува световна часовна радост, која нема Божествена утеха, треперејќи внатре во духовниот восхит. Но, кога човекот ја сака духовната убавина, тогаш неговата душа се исполнува и разубавува.

Кога човекот би ја знаел својата внатрешна грдост, не би се насочил кон надворешните убавини. Внатре во неговата душа има толку многу дамки, толку многу дамки, и дали ќе ја погледнеме, на пример, нашата облека? Ги переме алиштата, веќе ги пегламе и чисти сме, а внатре сме... не прашувај!

Затоа, ако некој размисли каква духовна нечистотија има во себе, нема да седне толку скрупулозно да си ја отстрани ни најмалата дамка од облеката, зашто тие се илјада пати почисти од неговата душа.

Но, ако човекот не ги земе предвид духовните ѓубриња што ги има внатре, тогаш гледа педантно да ја отстрани и најмалата дамка! Она што му треба е целата своја грижа да ја насочи кон духовната чистота, кон внатрешната убавина, а не кон надворешната убавина.

Предност треба да се даде на убавината на душата, на духовната убавина, а не на суетните убавини, бидејќи и Господ ни рекол: Колку вреди една душа, не вреди целиот свет.


Од книгата: „Со болка и љубов кон современиот човек“


 Свети Пајсиј Светогорец 

Comments