Не го ставајте срцето на злато. Дај му го на Господа и не плаши се ниту за овој, ниту за другиот живот...


 

Не го ставајте срцето на злато. Дај му го на Господа и не плаши се ниту за овој, ниту за другиот живот




 Кога богатството расте, не го приврзувајте срцето кон него (Пс. 61; 10). Немојте да бидете заслепени од богатството. Бидете заслепени од славата и семоќта Божја и положете ја целата своја надеж во Него.

Не го ставајте срцето на злато. Дај му го на Господа и не плаши се ниту за овој, ниту за другиот живот.

Скржавоста и среброљубието се знаци на лицемерие и на гордост. Верниот и смирен човек е секогаш милостив. Тој знае дека Бог е богат и Неговото богатство никогаш не завршува. А дека е седобар и наемник, затоа не може да се остави. Бев млад, веќе остарев, и не видов оставен праведник ниту потомците негови леб да просат (Пс. 36,25), уверува псалмистот. И Господ забележува:Па затоа не грижете се и не говорете: што да јадеме, или што да пиеме, или во што да се облечеме?

 Зашто сето тоа го бараат незнабошците, а вашиот Отец небесен знае дека за сето ова имате потреба.

 Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и се ова ќе ви се придаде (Матеј 6: 31-33).

Божјиот човек е и олигарх. Неговото богатство е благодатта на Светиот Дух што го засенува. Неговото богатство е живото присуство на Господ околу него и во него, кој му дава мир, „ врховниот ум “. Неговото секојдневно искуство е псалмот: Законот на Твојата уста за мене е подобар отколку илјадници злато и сребро (Псалм 118,72). Зашто мишките на грешниците ќе спласнат, а на праведниците Господ им ги поткрепува (Пс. 36. 17).

Не се врзувајте за парите за да не бидете целосно отсечени од љубовта Божја. Не биди лаком, за да не паднеш во неверување или заблуда. Зашто коренот на сите зла е среброљубието, на кое што некои, откако му се предадоа, се отклонија од верата и си навлекоа многу маки.

 (1. Тим. 6- 10). Не ја одбивајте вашата помош на оние на кои им е потребна, за да не ви ја одрече Бог Неговата помош кога ви е потребна. Не ја затворајте својата врата за сиромашните, за да не ви ја затвори и Бог вратата на Својата милост.Блажен е оној, што ги прегледува бедните и сиромасите! Во злочест ден Господ ќе го избави (Пс. 40. 1).


 Свети Димитриј Ростовски 


Comments