Чудото на покајанието...


 



Лука Куртанидзе бесниот борач од кој се плашеа сите стана нежниот отец Лука


Чудото на покајанието


Може ли спортист кој долги години беше терор на душеците да се претвори во добродушен „спортист“ на духот, па дури и да стане свештеник?

Секако дека може, дури и ако е тежок борач со турбулентен живот и тешко минато. Покајанието е она што ги преобразува луѓето, ги прекрстува во нова реалност и ги прави непрепознатливи.

 Грузиецот Лука Елдар Куртанидзе, еден од најдобрите борачи во слободен стил кој се бореше на меѓународно ниво и имаше истакната кариера полна со медали и награди. Популарен кај борачите, кои го сметаат за пример. Двократен олимписки бронзен медалист во слободен стил (Атланта и Сиднеј). Има освоено и пет медали на светски првенства (2 златни, 2 сребрени и 1 бронза) и 10 на европските првенства (5 златни, 3 сребрени и 2 бронзени).

Крупен по фигура, експлозивен по карактер, раздразлив и импулсивен во животот, Лука тргна по пат без духовни „кочници“, каде што веруваше дека треба да се наметнеме со „законот“ на моќниците.

По повлекувањето од душеците, Куртанидзе се вклучи во политичката сцена во Грузија од 2011 година, а потоа стана претседател на Грузиската боречка федерација и шеф на физичко образование на Грузиската полициска академија. Неговата вмешаност во некои насилни антивладини инциденти и фактот што беше обвинет за физичко насилство врз противниците во Боречката федерација, го наруши неговиот имиџ и му го доведе животот во застој.

Ова беше животот на Лука, пред Христа. Потоа се се смени. На некои боречки натпревари кои се одржуваат неодамна во Грузија, камерата „улови“ кроток и сладок свештеник, како седи на трибините и тивко и понизно ги гледа спортистите. Светлото лице, небесната насмевка, физиономијата ме потсетија на кротките старешини на Православието. Само волуменот на телото и силните црти на лицето ве тераа да се посомневате кој е тој. Тоа беше отец Лука, препороден преку покајание.

Од старото јас ја задржа само љубовта кон спортот и саканото борење на кое достојно служеше толку години.

Нежен, скромен, свесен, засекогаш променет, затоа што Христос го нашол во најтемниот час од својот живот. И така „ѕверот“ стана... јагне. Жив доказ дека луѓето можат радикално да се променат, бидејќи ако срцето се промени во вистината на Православната вера, секој лик може да се освети, колку и да бил екстремен порано. И најголемите чуда не се спектаклите што се случуваат при исцелувањето на телата, туку оние невидени што се случуваат во душите и ги Воскреснуваат.

Во една неодамнешна објава, отец Лука ја напиша оваа трогателна порака за која мислиме дека кажува се:

Многумина велат... Лука стана отец... Јас сум само Лука Елдари Куртанидзе, грешен Грузиец кој живеел за својата татковина Грузија, низ грешки, подеми и падови, но само за неа! Затоа сум ваков и со солзи во очите Му благодарам на Господа за патот што ме водеше до денес!


Пантелис Лампсиотис

Comments