Бог ни испраќа знаци...


 


Бог ни испраќа знаци


Господ некако ни покажува знаци за да се подготвиме. Но, не ни е грижа.

Тоа значи дека нашите страсти толку многу не заслепиле што не можеме да го разликуваме доброто од злото.

Оваа генерација е толку заслепена од страсти што дури и да видат бомбашки напади или нешто друго, нема да се покајат...

Како што вели Библијата, секој е окован од некоја страст. А кога ќе не најде злото, тогаш нема да имаме сила да се покаеме.

Секој се обидува да ја задоволи својата страст. Срцата се претвораат во камен. 

Оној што не се борел против своите страсти, нема да најде Божествена помош во време на прогонство.

Бог ни испраќа знаци да се вразумиме и да се покаеме. Да одиме кај духовниците да се исповедаме, да се причестиме со телото и крвта Христови за да добиеме сила.


 Старец Јустин Парву

Comments