Популарната литература често вели дека молитвата е возбудливо патување.

 Популарната литература често вели дека молитвата е возбудливо патување.

 Често може да слушнете: „Научете да се молите! Молитвата е и интересна и возбудлива; молитвата ќе ве доведе до откривање на нов свет; ќе го сретнете Бога, ќе го најдете патот до духовниот живот“. Ова е секако вистина; но често се заборава нешто многу посериозно: молитвата е опасно патување и не можеме да го преземеме без да го сфатиме ризикот. Апостол Павле вели дека е страшно да се падне во рацете на живиот Бог (Евр. 10,31). Затоа, свесно да се оди на средба со живиот Бог значи да се оди на страшно патување: мораме да запомниме дека секоја средба со Бога е Последниот суд. Кога доаѓаме пред Бога, било во светите тајни или во молитва, правиме нешто опасно бидејќи, според словото на Светото писмо, Бог е „оган што проголтува“. И ако не сме подготвени целосно да се предадеме на божествениот пламен и да станеме грмушка што гори во пустината која би горела без да биде изгорена, овој пламен ќе не изгори. Затоа, мора да се влезе во молитвеното искуство, препознатливо само одвнатре, со сета сериозност, смиреност и одговорност...



Митрополит Антониј Сурожски 

Comments