Од тие што молчеа, никој не зажали...


 


Од тие што молчеа, никој не зажали. Од оние што зборуваа, многумина зажалија.

Молчењето не предизвикува ниту жед, ниту тага, ниту болка. Од тие што молчеа, никој не зажали. Од оние што зборуваа, многумина зажалија.

Држењето на јазикот е чесно и за старите и за младите.

Направи вага и мерка за твоите зборови и врата за устата која ќе ја држи затворена.

Ако имаш нешто мудро да кажеш, одговори му на соседот, ако не, подобро затвори ја устата со рака.

Соломон посака Бог да му ги запечати усните.

Давид барал затвор за устата и порта околу неговите усни.


Свети Нектариј Егински 


Comments