Молитва на грешникот...
Молитва на грешникот
Боже, помилуј ме грешниот, зашто не направив добро пред Тебе.
Спаси ме од злото и направи ме недостоен да ја отворам мојата недостојна уста и да го фалам Твоето Пресвето име, на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Прости ми ја Господи, секоја неправилна желба на моето срце, Ти што добро ги познаваш срцата на луѓето. Прости ми што недостојно дојдов кај Тебе, зашто копнеев по Тебе.
Прости ми на мене грешникот, злобниот, лажливец, нетрпелив, очаен, невнимателен кон Твоите Божествени заповеди, јас што згрешив на земјата и во морето и на секое место.
Пред Твоите непогрешливи очи не престанав да правам зло, зашто злите не престанаа да ме заплеткуваат во неговите мрежи со ненаситност и задоволства и валкани желби, измама и суета и хулење.
Но ти, Господи, кој си единствениот милостив и седобродушен, помогни ми како што го спаси митникот, блудницата и разбојникот.
Да, човекољубив Господи, не ме одвраќај грешен и беден, по молитвите на Пресветата Богородица, и на сите Светии, зашто си благословен во вечни векови.
Амин
Свети Макариј
Comments
Post a Comment
Напиши коментар