Христос е присутен во Литургијата. Се сеќавате ли на Марија Магдалена?...
Христос е присутен во Литургијата. Се сеќавате ли на Марија Магдалена?
Кога сфатила дека пред неа е Христос, „равуни“, мојот учител, му кажа и отиде да ја допре неговата облека, неговото тело.
Се сеќавате на нејзиното крварење? Онаму каде што толку многумина Го скршиле Христа, таа побрзала да го допре со вера и стравопочит.
Се сеќавате ли на Тома? Ги стави рацете на раните и извика: Господ мој и Бог мој.
Тоа го правиме и за време на Литургијата. И тогаш прашуваме каде е Христос! Ете го!
Тој е пред нас, тој е со нас, тој е покрај нас. Дојде учителот и те повика, ѝ рекоа на Марија која плачеше по својот мртов брат Лазар.
На Литургијата е присутен учителот Христос и секој од нас нè повикува по име. Оние кои го чувствуваат, имаат искри во очите и ја живеат Христовата радост.
Сè е исполнето со радост.Сè е исполнето со светлина.Сè го прославува Христа.
Старец Емилијан Симонопетриски
Comments
Post a Comment
Напиши коментар