Која е најдобрата молитва? - Монах Симеон Атонски

 


Која е најголемата несреќа? – Нечисто срце полно со зли мисли.

Која е најголемата среќа? – Чисто срце, без зли мисли.

Кое е најголемото чудо? – Кога грешникот ќе стане светител.

Кое е најдоброто откритие? – Кога некој ќе најде начин за спас во евангелските заповеди.

Која е најдобрата молитва? – Молитва без себичност.

Кој чин е најхеројски? – Откажување од страста.

Која е најголемата намера? – Биди сведок, заради евангелските заповеди.

Која е најважната работа? – Да се ослободиме од незнаењето.

Кое е најдоброто откритие? – Пронаоѓање на вистинска бесмртност.

Што е потешко да се победи? – Гордоста што го затвора патот кон спасението.

Кој е најстрашниот отров? – Амбиција која ја убива душата.

Која е најдобрата визија? – Визија, без лоши мисли.

Која е најтемната темнина? – Темнината на гревот и насилството.

Кој е најдобриот лек? – Откажување од нашата волја.

Каков оган е најсилен? – Гнев, кој во миг ја пече душата.

Кое е најтешкото чувство? – Омраза кон другите.

Кое чувство е највисоко? – Љубовта кон непријателите.

Која грешка е најмногу грешна? – Да мислиш дека земниот живот е подобар од спасението.

Кој е најдобриот начин? – Патот на покајанието.

Comments