Кое е најдоброто дете?

 Кое е најдоброто дете?



  Имавме одено во училиште, во кое имаше многу мали деца, од 6 години и нешто.  Им дадовме бонбони и им поставивме прашање:

 – Дали сте сите добри деца?

 – Да!  рекоа сите во еден глас.

 – А кое е најдоброто дете?

 – Јас!  рекоа сите едногласно кревајќи ја раката.

 Тогаш гледам мало момче кое не крена рака и му велам:

 – Зошто не крена рака?  Зарем не си најдоброто дете?

 Тој не одговори.

 Тогаш го молев да ми каже кое е најдоброто дете и да слушнете што ми одговори Алексис (така се викаше детето):

 – Само Христос знае!

 Бев шокиран од одговорот на детето!  Оваа претпазливост што ја има ова дете, ја должи на педагогијата на неговите добри родители.  Родителите на ова дете биле прости луѓе, но според Бога биле мудри!


 Старец Ефрем од Скитот на Свети Андреј

Comments