Бог ни дава можност да се промениме...
Бог ни дава можност да се промениме...
Бог ни дава можности да се промениме, да се исправиме, да се покаеме, да простуваме.
Ни дава можности да практикуваме трпение, понизност, самоконтрола, простување, едноставност, неосудување, љубов.
Тој нè повикува да се сретнеме со Него преку молитва, преку проучување на Светото писмо, преку Тајните.
Бог нè бара, нè сака, нè љуби.
Затоа тој стана еден од нас!
Божјата љубов кон нас е неверојатна.
Да разбереме дека Бог го бара нашето спасение!
За жал, ние сме тие што ги попречуваат Божјите спасоносни планови за нас. А тоа најмногу се прави со нашето неверување, со нашата себичност, со нашето непокајание, со нашите критики.
Како да ја бара нашата загуба!
Конечно да го разбереме нашиот интерес, а тоа е спроведувањето на Божјите заповеди.
А ако нешто ни е тешко, да се покаеме макар тоа да стане причина за понизување, бидејќи како што вели Свети Јован Златоуст: На Бога повеќе му се допаѓа понизувањето за гревот што го направивме, отколку гордоста за доблеста што сме ја постигнале.
Затоа да се трудиме колку што можеме, да покажуваме милост кон другите, да бараме мир и да живееме скромно, едноставно и покајнички и да сме сигурни дека Бог ќе ни го осветли патот на животот и сè ќе ни направи добро.
Не за нашето светско добро, туку за нашето вечно добро.
Архимандрит Павлос Пападопулос
Comments
Post a Comment
Напиши коментар