Кога ќе отвориш духовна книга или Свето Писмо, тоа е како да кажеш...


 


...Кога ќе отвориш духовна книга или Свето Писмо, тоа е како да кажеш...



 …..Кога ќе отвориш духовна книга или Свето Писмо, тоа е како да кажеш:

 Да, Господи, верувам дека си тука... Да бараш да го разбереш значењето е исто како да му кажеш: Да, дојди Господи Исусе...

 Значи, јас го проучувам Светото Писмо, тоа значи дека комуницирам со Христа..

 Христос, кој некогаш поучуваше во еден агол на Палестина, сега е тука тајно, но НАВИСТИНА!...и зад секој ред од книгата, или Светото Писмо, те вика: дојди, дете мое!.. ако сакаш !  Ако имаш желба да разбереш што ти кажува, одговори:

 Доаѓам Господи!.. дојди сега и ти во мене..

 Се води дијалог лице в лице.. јас и Христос, муабет преку книга... читање односно духовната книга е откровение, тајно соединување со Него...

 Само со Христос?.. Не!!.. Христос е секогаш, заедно со неговите духовни помошници.. Светите и Ангелите..

 Во тоа време се соединувате тајно со сите Светии...

 Ќе го почувствувате она што го рекол Светителот, дека, живеејќи на земјата, празнуваме на небото, кога го имаме словото Божјо, во срцето и во устата...

 Па пријателе, секогаш читај ги Светото Писмо, со солзи во очите...

Ќе Разбереш нешто повеќе…………..


 Старец Емилијан Симонопетриски


 фото: посета на отец Емилијан, во ќелијата на Свети  Ефрем Катунакиски...

Comments