Од доброто доаѓа добро...


 


Од доброто доаѓа добро



 Христовиот пат е да ги сакаме сите луѓе, и оние што нè сакаат и оние што нè мразат.

 Бидете нежни и ако некој друг ве навреди, не му враќајте, туку простете му и покажете му добрина.  И со љубовта што ќе му ја покажете, ќе го обврзете да ви се извини, доколку, се разбира, е човек со совест.

 Зашто, деца мои, доброто доаѓа од доброто, добрината никогаш не доаѓа од злото.  Затоа, не се расправајте со личноста која ќе ве задева, бидејќи злото ќе се намножи, туку покажете му добрина да се смири и ќе добиете награда од Бога. Носете ги товарите еден на друг, ни вели Христос.


 Свети Георгиј Карслидес

Comments