Оние разочараните...


 



Оние разочараните


Постои мислење дека оние кои заминуваат во манастирите,мажите или жените,дека го промашиле својот живот,дека се разочарани,неспособни и таму го проведуваат својот живот во мрзливост,без никаков придонес спрема другите.

Голема грешка.

Монашкиот живот го пратат малубројните,избраните,во кој Светиот Дух го запали овој Божествен пламен.Тие секогаш живеат во духовна будност.

Тие во својот живот своеволно се ускратуваат со се онаа што другите луѓе неможат да се ускратаат,врзано за нив,така да тоа лишување го сметаат за неможно.

Погледајте ја трансцендентноста,големината на монахот.Триптихот на монашкиот живот: чистотата,сиромаштвото и послушанието.За другите планина,за нив прооден пат.

Не е лесно.Потребно е војна и молитва.Некој мора да живее,макар и неколку денови во манастир,да од блиску го согледа нивниот живот.Служба,учење,пост,молитва

Тие живеат по Христа. Неодговорно и злонамерно е онаа што го подржуваат оние кои се противат на таквиот живот во Христијанска вера,и тоа во сознание на својата невистина.

Очајни и неуспешни луѓе не прибегнуваат кон осаменичкиот живот,туку доаѓат луѓе со доблести и способности.

Од почетокот на монаштвото,благочестивите луѓе,способни и образовани, ја претворија пустињата во духовна градина и постана миризливо цвеќе.Учеа,инспирираа,пишуваа.

Овој квалитет на монасите постои низ вековите,се до денес. И денес тоа можеме да го провериме и видиме во нашите манастири дека има компетентни луѓе,од успешни професионалци,дури и од луѓе од уметноста,

 научници,мажи и жени.

Луѓе кои ги напуштија големите функции во правосудството,армијата,медицината,државата.

Но во основа чисти души.

Но што се не принесуваа монасите секаде во Господовата татковина а посебно во нашата татковина.Манастирите секогаш беа отворени за помош на оние на кои им беше потребна и на оние кои бараа утеха.

Монасите одеа по околните места да го Сеат зборот Божји. Пишуваа книги. Монасите кои беа медицински лица се грижеа за оближното население.

Јазикот и пламенот за слободата го спасија и повторно го распалија монасите за време на Турското ропство.Се бореа некои од нив и со пушка во раце.

Го спасија и го сочуваат бесценетото национално богатство.

Пред се со своите молитви кои донесуваат милост Божја и благослов за сите нас.







Comments