Жал ми е за се!...
Жал ми е за се!
Се кајам за се! За сите човечки гревови, се кајам пред Тебе, Боже.
Семето на сите гревови е во мојата крв.
Со моите напори и Твојата благодат, јас го потиснувам ова зло семе дење и ноќе.
За да не никне какол, туку чиста пченица на полето Господово.
Се кајам за сите оние кои се грижат, кои се сопнуваат под товарот на грижата и не знаат како да ја фрлат грижата врз Тебе.
За слаб човек и најмалата грижа е неподнослива, додека за тебе планината од грижи е како снежна топка фрлена во огнена печка.
Се кајам за сите болни, бидејќи болеста е плод на гревот.
Кога душата ќе се очисти со покајание, тогаш болеста исчезнува заедно со гревот и Ти, мое Вечно здравје, влегуваш во душата.
Се кајам за неверниците, кои со своето неверие ги натрупуваат своите немирни грижи и болести врз себе и врз своите пријатели.
Се кајам за сите богохулници, кои Те хулат Тебе, не знаејќи дека хулат на Домаќинот, кој ги облекува и храни.
Се кајам за сите убијци кои убиваат туѓи животи за да си го спасат својот.Прости им Боже затоа што не знаат што прават.
Затоа што не знаат дека во Универзумот нема два животи, туку еден, и дека нема двајца луѓе, туку еден. И им отсекле половина од срцето за да ја спасат другата половина. Ах, колку се мртви тие што да им се отсече половина од срцето!
Се кајам за кривоклетниците зашто и тие се навистина самоубијци, самонаправени.За сите оние кои ги експлоатираат своите браќа и трупаат бесполезно богатство, плачам и воздивнувам, затоа што ги закопаа своите души и немаат што да прикажат пред Тебе.
Плачам и воздивнувам за сите горди, зашто пред Тебе се како просјаци со празна торба.
Плачам и воздивнувам за сите пијаници и ненаситници, зашто тие станаа робови на своите робови.
За сите што ги уништуваат браковите, се кајам, затоа што ја предале довербата на Светиот Дух, Кој ги избрал преку нив да изградат нов живот, додека тие, служењето на животот, се претвориле во уништување на животот.
За сите лажни усни, за сите заматени очи, за сите тврди срца, за сите ненаситни стомаци, за сите мрачни умови, за сите зли волји, за сите грди мисли, за сите спомени кои ја уништуваат душата, И јас се кајам со
воздишка.
Се кајам, Господи, поради говорниците, затоа што твојот скапоцен дар, дарот на говорот го претворија во евтин песок.
Се кајам за сите што го уништуваат огништето на комшијата и неговиот мир, бидејќи на тој начин собрале проклетство и врз себе и врз народот.
Се кајам, за целата историја на луѓето, од Адам како што сум грешник, затоа што целата историја е во мојата крв, затоа што јас сум во Адам, а Адам е во мене.
За сите големи и мали, кои не треперат пред Твоето страшно присуство, плачат и викаат: Господи помилуј и спаси ме.
Свети Никола Велимировиќ
Comments
Post a Comment
Напиши коментар