Ако се спротивставите на нападот на ѓаволот и видите дека тој ослабнал и се повлекол, не радувајте се




Ако се спротивставите на нападот на ѓаволот и видите дека тој ослабнал и се повлекол, не радувајте се, зашто злобата на злите духови сè уште не е исцрпена, туку следи зад нив...


Подготвуваат војна полоша од првата, и ја чекаат вистинската прилика...


Ако им одолеете, поразени ќе побегнат!


Но, ако се фалиш дека си ги избркал и си го оставил градот незаштитен, тогаш други доаѓаат одзади, а други стојат напред, а кутрата душа меѓу нив никаде не наоѓа засолниште...


Нашиот Учител Исус Христос, кој ја познава немилосрдноста на демоните и има сочувство за човечкиот род, ни даде строга заповед, велејќи:


„Па така, бидете будни, зашто не знаете во кој час ќе дојде вашиот Господ. Знајте го и тоа, дека, ако домаќинот на куќата знаел во кој час ќе дојде крадецот, тој би стоел буден и не би позволил да му ја поткопаат куќата“ (Матеј 24:42-43).


Тој исто така вели:

„па да не дојде ненадејно и да ве затече да спиете“ (Марко 13:36), а на друго место вели:

„Само пазете се: вашите срца да не бидат оптоварени со прејадување и пијанство, и грижа за овој свет, за да не ве затече оној ден ненадејно“ (Лука 2:34) .


Затоа останете добро и внимавајте на сетилата.


И ако мирно го чуваш својот ум во споменот на Бога, тогаш ги гледаш разбојничките демони, кои се обидуваат тајно да го одземат... Зашто, кој внимава на своите мисли, ги воочува оние што сакаат да влезат и да го осквернат.


Злобните мисли го вознемируваат умот, предизвикувајќи му да стане мрзлив, надуен и тром. Но, оние што ја знаат злобата на демоните остануваат смирени, молејќи се на Господа!


Свети Исаија Отшелник

Comments