Еден од нашите парохијани многу ја почитуваше Блажената Ксенија...


 

Еден од нашите парохијани многу ја почитуваше Блажената Ксенија  и работеше недалеку од гробиштата во Смоленск.  И кога се возеше дома од работа, речиси секој ден, го запираше автомобилот, излегуваше и одеше во Црквата на Света Ксенија на неколку минути за да се моли за своето семејство.  Тие чекаа бебе долго време.  Се плашеа дали ќе се роди здраво, бидејќи имаше некои проблеми.  Се молеше на Света Ксенија.  Се роди девојче.  Во чест на Светителката ѝ го дадоа името Ксенија.  Тој еднаш ми кажа: Еднаш, кога се молев во Црквата, одеднаш ми падна желба да се јавам дома, да прашам дали е се во ред со детето.  Ја повикав сопругата на мобилен телефон и ја прашав: Оди, види како спие Ксенија, дали е се во ред?  Сопругата му кажа: Само што ја ставив во кревет, Ксенија спие мирно.  - Оди проверија.  Се е во ред, бебето спие.  По некое време, повторно се молев и повторно имав голема вознемиреност.  Мојот пријател повторно ја повика на сопругата: Оди сепак проверија дали е сè во ред, разбудија, разбудија.  Сопругата ја разбуди - и што се случи?  Кога девојчето заспало, извадило дел од играчката, ја цицало - и ја голтнало и се заглавило во грлото.  Мајката започнала да го  тресе девојчето, но таа не ги отворила очите и почнала да кашла и да се гуши.  Итно била повикана брза помош, детето било спасено, и да поминело уште малку време можело да се задуши.  На истиот човек му се случија и многу други чуда поврзани со Блажената Ксенија, но денес нема да ги набројам...


 Свештеникот Константин Пархоменко


Comments