На какви активности и да се навикнува човекот од детството, тој ужива во нив дури и кога е стар...


 


На какви активности и да се навикнува човекот од детството, тој ужива во нив дури и кога е стар



 На какви постапки и да се навикнува човекот од детството, ужива во нив и во старост, без разлика дали се добри или лоши.

 Така вели Свети Григориј.  Човекот ако е навикнат да краде уште од детството кога ќе порасне и остари, ќе најде задоволство во крадењето.  Дури и да биде обесчестен, казнет и понижен, тој ужива во злото.

 Човекот ако е навикнат да пие уште од младоста кога ќе порасне и ќе остари, ќе ужива да пие и да се опива, иако гледа дека пијанството му штети.  Исто е и со пушењето, пушачот претпочита да не јаде, само да не му се одбие цигара.  Истото важи и за доблестите.

 Ако од мал оди во Црква,кога ќе остари ќе оди со задоволство.  Дали уште од мали нозе се навикнал да се моли, да се исповеда, да се причестува и да биде милостив?  во истите тие работи ќе биде задоволен кога ќе стане полнолетен и ќе остари.

 Всушност навиката, кога се користи од најрана возраст, се удвојува.


 Старец Филотеј Зервакос

Comments