Колку подлабоко се познавам и се откривам себеси и моите слабости, толку повеќе го познавам Бога и светот...


 


Колку подлабоко се познавам и се откривам себеси и моите слабости, толку повеќе го познавам Бога и светот.



  Деновите кога влегувате во арената очи в очи со помислите.

 Денови на надворешно спокојство, но во кои сфативме колку бура имаме внатре.

 Денови кога минатото те прогонува во тишина.

 Ве прогонуваат слики од стапалките што сте ги оставиле на патот на вашата лична историја.

 Најголемите, но благословени битки се водат во тишина, во моментите кога заматеноста и космичките испарувања заминуваат, а голотијата на нашето јас останува.

   Време е за духовни битки, време е колената да останат на подот и срцето да се издигне на небото.

 Дојде време јасно да ги видам моите „гребнатини“ кои ги благословив како доблести.

 Дојде време кога внатрешните прашања ќе бараат одговори.

 Одговори кои често знаат да бидат само солзи.

 Дојде време да се повлечеме, да молчиме и да го оставиме Господ да „зборува“.

  Бог постапува поинаку: ги вади дијамантите од калта и носи светлина од темнината и пали свеќи во срцата на луѓето.

 Колку подлабоко се познавам и се откривам себеси, особено моите слабости и грешки, толку повеќе го запознавам Бога и светот.

 На крајот на краиштата, она од што најмногу се плашиме е нашето непознато јас!


 Отец Спиридон Скутис

Comments