Праведниот и кроткиот човек, секој се обидува да го турне во најлоша позиција...


 



...Праведниот и кроткиот човек, секој се обидува да го турне во најлоша позиција, да му згреши, да го стави на дното, но колку повеќе луѓе го туркаат надолу, толку повеќе Бог го крева, како плута!!  Колку повеќе го туркате до дното, толку повеќе водата го крева нагоре.  Еве една вистинска приказна што ми ја раскажа еден човек: Таткото умре, а  неговите синови отидоа да го делат наследството.  Кога ги видов постарите браќа како викаат на мене спремни да ме грабнат, јас најмалиот што да правам, што ќе ми дадат тоа ќе земам, реков.  Ми дадоа нива полна со песок.  Ништо неможеше тука да се роди.  Не можев да живеам со нив.  Бев принуден да одам во Германија, да работам, да го издржувам семејството.  Кога се вратив после многу години, што најдов?  Тие изградија два големи хотели на едната и на другата страна на земјиштето.  И двајцата бараа да ја купат мојата нива.  Така цената вртоглаво порасна.

Сега имам стотици милиони!!  Му реков на старецот дека ќе дадам половина на милостината и дојдов да ми каже каде да дадам.Прво дај им на браќата ми кажа старецот, да не ги повредиш, а со останатите прави што сакаш, така му реков на Танасис, да не се налутат меѓу себе...


 Свети Пајсиј Светогорец

Comments