Сè што им било свето на нашите татковци го „згазивме“

 Сè што им било свето на нашите татковци го згазивме

…И затоа и самите бевме погазени после…

Браќа мои, згрешивме и потоа се очистивме. Го навредивме нашиот Семоќен Бог и за тоа бевме казнети. Ги извалкавме нашите души и ги измивме сите наши гревови, со нашата крв и солзи.

Погазивме сè што им беше свето на нашите татковци и поради тоа и самите бевме погазени.

Нашето уништување беше очекувано бидејќи нашите училишта беа без вера во Бога, нашите политичари не беа чесни, нашата армија немаше патриотизам и нашите владетели немаа Божји благослов. Така беа уништени училиштата, армијата и целата наша држава.

Дваесет години не ги почитувавме нашите традиции, а сега странците со својата темнина нè лишија од светлина.

Дваесет години ги исмевавме нашите предци, кои со својата побожност го освоија Царството Небесно. Меѓутоа, со мерката што сме им суделе на Бога и на нашите предци, со иста мерка сме судени и ние.

И покрај сето ова, Бог ни прости.

Нашите богохулни мисли, нашите богохулни зборови и постапки, бескрајните навреди кон Семоќниот Бог, во периодот на двете светски војни, на почетокот го осудија нашиот народ на смрт. Казната е изречена и секој осми Србин бил погубен во првите две години од окупацијата на нашата земја од страна на Германците.

Потоа, егзекуциите беа прекинати и казната беше намалена на доживотно ропство. Бевме осудени да бидеме вечни вазали на Германците.

Дури кога нашиот сиромашен народ со своите ослабени раце почна да пали свеќи, да се моли, тогаш нивните молитви ги поттикнаа Ангелите и Светителите да се застапуваат за Божјата милост. Тогаш Семилостивиот Бог повторно ја намали казната доживотно ропство на две години. Српскиот народ е осуден на две години затвор додека живеел грешен живот дваесет години. Зарем тоа не е милост? Има ли некој земен крал кој би толерирал дваесет години проколнување, исмејување и простување од својот народ? Никогаш и никаде. Само нашиот Бог има таква милост.

Браќа мои, што да правиме сега? Дозволете ни да правиме што било друго, освен она што го правевме овие дваесет години.

Да не грешиме, за да не страдаме повторно.

Да не го навредиме повторно Семоќниот Бог и да не претрпиме поголема казна.

Да не ја извалкаме душата своја со гревови, за да не ни треба повторно да ги очистиме со нашата крв и солзи.

Да не ги газиме гробовите на нашите предци, да не бидеме газени самите ние.

Да градиме училишта со вера, да добиеме чесни политичари, да добиеме војска со патриотизам и држава која има Божји благослов.

Секој од нас нека се врати кај Бога и кај себе. Никој да не остане далеку од Бога, за да не ја изгуби својата светлина од навлегувањето на страшната темнина на незнабошците со нивните „убави“ имиња и „фенси“ облеки.

Секој од нас нека се обиде да го освои Царството Небесно. Само така нашата држава ќе опстане на земјата на подолг временски период. Ако сме праведни, рајот ќе  е над нашата држава. Во Небесното Царство владее правда, вера, љубов, вистина, милосрдие, мудрост, чистота...

Размислете дали ги имате овие доблести, а ако не, подобро настојувајте да ги стекнете сите. На тој начин ќе станете совршени, како што е совршен и Нашиот голем небесен Отец.

Така ќе ги издржите мрачните сили на Адот, кои ја погодија нашата држава и не мачеа како ноќна мора и ќе не мачат многу години.

Наоружан со доблестите ќе ја оправдаш љубовта кон својата татковина и ќе го оправдаш името на Православниот Христијанин. Нека ви помагаат Господ Исус Христос, Отецот и Светиот Дух сега и засекогаш.

 Амин

Свети Николај Велимировиќ

Comments