Да и јас со вас ја примам платата од Христа

Големиот дар „да и јас со вас ја примам платата од Христа“

Како што свеќата се пали со друга свеќа, така доброто дело се раѓа од друго добро дело.
Еднаш еден богат човек сакаше да и подари златен крст на Црквата.
Повикал млад, но искусен златар, му дал многу злато кое го измерил пред себе и му рекол да направи од него каков Крст сака.
Златарот, размислувајќи за големата донација што овој богат човек го дал за својата душа, во срцето бил проткаен со љубов кон Бога.
Затоа решил да ги додаде своите десет златника на тежината на златото на богатиот.
Кога работата се завршила, богатиот го измерил Крстот и открил дека тежи повеќе од златото што му го дал на младиот златар.
Потоа почнал да го прекорува младиот човек како крадец, сомневајќи се дека ја одзел првобитната тежина на злато и ја заменил со друг тежок метал.
Гледајќи го богатиот толку бесен, младиот човек го признал своето дело.
Тој рече: Додадов од моето злато, како вдовицата која даде две драхми, за да и јас да земам плата од Христа со вас.
Овие зборови го допреа срцето на богатиот човек и тој му рече на чесниот млад човек: Од денес те сметам за мој син и за наследник на сиот мој имот.

Свети Николај Велимировиќ

Comments