Ве чека да го примите...


 

Ве чека да го примите



 Трпението во искушенијата е сигурно средство за соединување со Бога.  Како што мрморењето нè одвојува од Бога, така страдањето го создава нашето соединување со Него.

 Затоа, ако со благодарност ги поднесувате сите искушенија заради Него, Тој ќе ве награди со вечно блаженство.

 Преку тагата и трпението влегувате во царството на вистинското знаење и се чистите од мноштвото на гревови.

 Кој ранет човек некогаш си ја залечил раната без трпение без болка и лек?  Кој може да го следи Христос без да го носи Крстот на трпението?  Никој.

 Сите што Го следеа и Го следат беа и се подготвени со трпение да се соочат со искушенијата што секако ќе ги најдат, како што нагласува мудриот Сирах: „Синко, заради тебе, Господи Боже, подготви ја душата своја за искушение“( 2. 1).

 Обидете се да останете во состојба на духовна будност, трпение и храброст, затоа што само така ќе го победите вообразениот Амалек кој ви ја изигра душата, ќе се ослободите од страдањата и бедата и ќе заслужите вечни добра, кога Господ ќе се врати да му суди на светот.


 Свети Димитриј Ростовски


Comments