На крајот на краиштата, не вреди да се зборува со сите за се...


 

На крајот на краиштата, не вреди да се зборува со сите за се...



 На крајот на краиштата, не вреди да се зборува со сите за сè.

 Затоа што нема сите да те разберат, ниту пак имаш знаење за се.

 Подобро замолчи и оди.

 Нашето его секогаш нè поттикнува да одговориме.  Не мора.  Особено кога ќе сфатиме дека другиот не сака да слушне одговор, туку едноставно сака да не предизвика.

 Мораме да се заштитиме од вакви ситуации бидејќи за тоа се работи.

 Да го зачуваме мирот во срцето и да не паднеме во стапицата на себичноста што не турка кон конфликт.

 Молчете и држете се настрана од фанатични, арогантни, иронични луѓе и луѓе полни со предрасуди.

 Не обидувајте се да убедите таква личност во ништо.  Ако навистина сака да ве разбере, тогаш ќе ја цени вашата тишина и можеби ќе ви пристапи поинаку.

 Но, ако продолжи да ви зборува како авторитет и полн со ароганција, тогаш тргнете се од него.

 Нема да добиете ништо од дружењето со него, но ќе го изгубите мирот.

 Не, не е добро да се толерира таква личност.  Затоа што ненамерно му ја храните неговата слика за себе.

 Ако му останала дури и искра на самопочит, вашето бегство може да го освести.  Ако не, тогаш не се чувствувајте виновни за сопствениот став и начин на размислување.

 Треба да престанеме да се чувствуваме виновни за лошото однесување на другите.  И ние грешиме и потребно е нашето покајание, но немојте да ве совлада синдромот на вина затоа што некои од нашите браќа свесно избираат непопустливост и ароганција.

 Да, да им се даваат можности на луѓето, но не на сметка на разумот и вистината.


 Архимандрит Павлос Пападопулос


Comments