Мудар совет од Старецот...


 

Мудар совет од Старецот



 Еден стар монах праша некои посетители кои го посетија во неговата ќелија:

 Што работите?

 Старче, ние немаме некоја голема професија.  Ние сме прости трговци, срамежливо одговорија посетителите.

 Браќа мои, многу ни требаат добри трговци.  Навистина, кажете ми што правите кога цените се зголемуваат во вашата продавница?  Дали и старите залихи што ги имавте во магацин ги продавате по новите повисоки цени?

 Да, старецу.  Како можеме поинаку?  Мораме да вратиме нешто во нашата продавница.

 Добро... но заработувате двојно повеќе од порано.  Разбирам дека не можете да ги продавате по старите цени бидејќи другите трговци ќе реагираат.  Но, вие дополнителната добивка што ја остварувате од старата роба што ја имавте во вашиот магацин, дајте ја во добротворни цели!!!


 извор: Света Гора


Comments