Напади на паника - да одам на психијатар или да се причестам?

 



Едното не се меша со другото: исповедта и причестувањето нема да се мешаат во посетата на психијатар , и обратно.

Нападот на паника, колку што знам, ги има следните симптоми: интензивна вознемиреност, страв што го чувствува секоја клетка на телото, отежнато дишење итн.. Сето тоа е изразено доста физички и се смета за болест која бара и лекови и психотерапевтски третман. И во такви случаи навистина е потребна помош од психотерапевт.

Психијатријата е сериозна работа, не треба да ја одложувате.

Сепак, не треба да се заборави и духовната страна на сите болести. Без разлика на видот на болеста, на сите заболени им е потребна добра исповед, преиспитување на ставовите кон луѓето-делата-предметите - покајанието е неопходно како промена на начинот на размислување. Откако почнавме да го лечиме телото, вреди да се потсетиме дека и нашата душа бара исцелување и лек, кои Господ ни ги дава преку исповед и причест.

Мораме да запомниме дека Христос исцели многу болести: слепи, очајни во болест, парализирани, па дури и мртви воскреснуваше. Тој е доктор на душите и телата. За Него нема болест што нема да ја излечи. Со вера денес можеме да добиеме поддршка и исцелување овде и сега: „Нека ви биде според верата ваша“ (Мат. 9:29). Подигнете ја сета сила на вашата душа на Исусовата молитва и ќе бидете слушнати.

Затоа, со таква болест, како и со која било друга, императив е и без одлагање да се јавите кај специјалист. Но, за вистински да го спроведеме исцелувањето, вреди да се потсетиме Кој е нашиот извор на исцелување, Лекарот и Отецот!

Превод од руски јазик О.Т

Comments