Се додека сме на овој свет, треба да сме во подвизување.

Се додека сме на овој свет, треба да сме во подвизување . 

И кога остануваме дома, и кога одиме на пазар, и кога седиме на трпеза да јадеме, и кога сме болни, и кога сме здрави.

Особено во време на болест, тогаш пред сè, времето е погодно за оваа битка.

Кога страдањето од секаде ја вознемирува душата, кога ја зафаќаат силни болки, кога ѓаволот демне и нè поттикнува да кажеме некој злобен збор како Јов.

Тогаш, пред сè, треба да се заштитиме, да си ја оградиме душата со ограда, и штит, и шлем и секакво друго оружје, и постојано да му благодариме на Бога. Ова се страшни стрели против непријателот, ова е смртоносен удар против демоните, тогаш над се венците се сјајни.

Зашто се знае дека дури и блажениот Јов (зашто ништо не нè спречува повторно да се обратиме кон него и да се сеќаваме на него) ова пред сè го направи светол и славен, тоа го објави, ова го круниса, дека во време на искушенија и болести и сиромаштија , покажа непроменлив карактер, непоколеблив интелект.

Тоа што тој ги изразил зборовите на благодарноста кон Бога и ја принел таа духовна жртва, бидејќи неговите зборови биле духовна жртва со која рекол: „Господ ми ги даде, Господ ми ги зеде“. Како што му се чини добро на Господа, така и е направено. Нека е благословено името Господово засекогаш.

Така да правиме секогаш, во време на искушенија и околности.Да Го славиме Бога и постојано да го благословуваме, зашто Нему нека е слава во вечни векови.

Амин

Свети Јован Златоуст, Беседа на 6-тиот Псалм

Comments