Не грижете се, од денеска прашањето за вашето здравје го презеде Светиот старец, отец Јаков Цаликис...


 



Не грижете се, од денеска прашањето за вашето здравје го презеде Светиот старец, отец Јаков Цаликис



 Една моја роднина – вели г-ѓа Марија Фука-Рубани – многу се разболе. Имала голем проблем со црниот дроб.

Лекарите не и дадоа надеж за живот. Имаше пет деца. Најмладото дете имаше околу една и пол до две години. Пред некое време го изгубила и сопругот. Отидов во болница и ја видов. Таа беше бледо жолта, отечена. Се чинеше дека е бојата на смртта. Таа имаше само два-три дена живот.

Веднаш испратив писмо до старецот Јаков Цаликис во мое име и го молев да го моли Бога да и го продолжи животот. Пет деца сирачиња од татко, сега би ја изгубиле и мајката.

Повторно отидов во Болница и кажав на мојата болна роднина: Не грижи се, од денес прашањето за твоето здравје го презеде Светиот Старец, отец Јаков. Сигурен сум дека ќе те излечи!

Навистина,по еден ден отец Јаков го прими моето писмо и, о чудо! Од следниот ден мојата роднина почна да се подобрува! За неколку дена излезе од болница! Лекарите рекоа дека ова е шокантно чудо, кое човечки не може да се објасни.

Оваа жена и денес е жива. Поминаа 23-24 години. Таа ги подигна сите свои деца и секогаш е благодарна на овој Свет Старец, отец Јаков Цаликис, кој ја спасил од сигурна смрт.



Comments