Времето и просторот без Христос се страшни товари...


 


 Времето и просторот без Христос се страшни товари


Кога гревот и смртта ќе се отстранат од времето, тогаш времето станува прекрасна увертира за Божествената вечност, извонреден вовед во Божественото човештво, според вистинските зборови на Вечниот, Богочовекот: Кој верува во мене, има вечен живот (Јован 6,47).

Горчината на времето доаѓа од смртта и гревот, а времето станува слатко со бесмртноста и безгрешноста. Без Христос, Единствениот Семоќен, времето е тежок товар. Со Него станува светлина.

Исто така, парадоксалниот брат близнак на времето, просторот, со сето она што го заградува во себе, тој со сета своја тежина го притиска и гмечи човекот. Толку е големо и страшно бремето на човекот, тежок и трнлив е неговиот јарем.

Само со помош на Седобриот и Семоќниот Богочовек овој јарем станува „добар , а товарот „лесен“ . Според вистинското слово на Вистината: Мојот јарем е лесен и моето бреме е лесно (Матеј 11:30).


Свети Јустин Поповиќ


Comments