Мрзливиот човек и Божјиот план...


 



Мрзливиот човек и Божјиот план



Еднаш одамна имаше еден мрзлив човек. Секогаш го бараше најлесниот начин да го задоволи гладот.

Еден ден, барајќи нешто да јаде, видел овоштарник со дрвја полни со овошје.

Погледнал наоколу и видел никој не го чува, па решил да влезе и да украде овошје. Но, штом влегол внатре и почнал да се качува на јаболкница, сопственикот го видел и истрчал да го фати.

Мрзливиот, кога го видел сопственикот како доаѓа со стап во рака, се исплашил и скокнал на нозе и истрчал да се сокрие во блиската шума.

Откако се смирил и се почувствувал безбедно, почнал да ја истражува шумата. Во еден момент видел младенче на лисица. Имаше само две нозе, но изгледаше среќно.

Мрзливиот си помислил, како може оваа лисица да остане жива во таква состојба, па дури и да биде среќна, бидејќи не може да трча и да ја лови  својата храна и како ќе се заштити од посилните месојадни животни од шумата.

Одеднаш здогледал лав како доаѓа кон лисицата со парче месо во устата. Сите животни се криеја од лавот и брзаа да се спасат и мрзливиот како мачка се качи на највисокото дрво и гледаше од таму.

Но, она што се случи го остави без зборови. Лавот и пришол на лисицата, го оставил месото пред нејзините нозе и си заминал.

Мрзливиот беше воодушевен од гледањето на Божествената игра. Мислеше дека Бог, кој е творец на се, има план за секое свое создание и дека ќе се грижи и за него.

Така тој ја напушти шумата, излезе на чистината, седна на камен и чекаше некој да му донесе храна. Времето минуваше, но никој не се гледаше на кривината од патот. Два дена чекаше за храна. Конечно, не можејќи да го поднесе гладот, стана и си замина.

По пат сретнал еден монах, познат по својата мудрост. Тој му кажа се што се случи. Пустиникот извадил леб и вода од торбата и му ги понудил. Откако јадеше, му рече на пустиникот:

Старче, Бог додека ја покажуваше Својата милост кон една мала лисица, зошто е толку суров кон мене?

Пустиникот му рекол:

Вистина е дека Бог има план за сите нас. Очигледно и вие сте дел од Неговиот план. Но, чедо мое, на погрешен начин си ја протолкувал Неговата промисла и план. Не сакаше ти да бидеш како лисицата. Тој сакаше да бидеш како лавот.


Comments