Старец Тадеј Витовнички: Што да правиме кога сме тажни

 Старец Тадеј Витовнички: Што да правиме кога сме тажни




Често во животот доаѓа и нè погодува бран тешки мисли, бран на тага.

Најдобро од се е да молчите. Не треба многу да размислуваме. Господ знае, Тој обезбедува колку можеме да издржиме. Каква тежина на тага можеме да поднесеме.


Во овој случај мораме веднаш да му пристапиме на Господ, кој е за нас, како нашата топла куќа во зима. Да молчиме. Добро е да се молчи, бидејќи веднаш не можеме да го совладаме бранот тешки мисли и тага.


Честопати имаме мисли за нашата иднина која е полна со несигурност. Се прашуваме: „Како ќе ја завршиме оваа работа, како ќе го решиме овој проблем?


Затоа е добро да молчиме, да се смириме и да си го окупираме умот со нешто.

Бидејќи нашиот ум е навикнат да талка насекаде, затоа треба да му дадеме добра окупација. Ова занимање е молитвата.


Така постепено учиме да се молиме и молитвата ни станува навика.


Како и секоја друга работа што сме навикнати да ја работиме, така учиме да се молиме. И откако молитвата ни станува навика по некое време се молиме без размислување.


Како и со секоја едноставна работа што сме навикнати да ја работиме. Нашите раце работат и работата е завршена. Така е и со молитвата. Малку по малку молитвата станува навика.


Полека, полека, се случува внатрешна молитва. Тогаш и нашето срце непрестајно се моли.

И кога Господ ќе го види нашиот труд, ќе види како го бараме со сето срце и сакаме да бидеме едно со Него, тогаш веднаш ни го дава Својот благослов и Својата сила

Comments