Брате, ако згрешиш во некоја работа, не лажи од срам...


 




Брате, ако згрешиш во некоја работа, не лажи од срам



Брате, ако згрешиш во некоја работа, не лажи од срам, туку покај се велејќи (на ближниот) „Прости ми“, и твојата грешка ќе исчезне.

Немој да имаш едно во устата и друго во твоето срце, затоа што Бог не се гордее, гледа сè, и скриено и отворено.

Затоа, не кријте ја секоја мисла и секоја тага и секоја желба и секое ваше сомневање, туку слободно откријте му ги на својот старец. И што и да слушнете од него, погрижете се да го применувате со вера.

Така војната станува полесна. Зашто, злите духови не наоѓаат радост, освен во оној што ги чува во тајност своите мисли, без разлика дали се добри или лоши.

Дајте го своето срце на послушноста на вашите отци, и благодатта Божја ќе живее во вас.

Немој да се мислиш за мудар, за да не паднеш во рацете на твоите непријатели. Да молчите и да не ги криете вашите помисли, покажува дека ја барате честа на светот и неговата кутра слава.

Но, кој има храброст да ги каже своите помисли на старецот, ќе ги избрка од него. Секогаш слушајте ги советите на вашите отци и ќе бидете мирни цел живот.


Свети Исак Сирин 


Comments