Молитва за мир...


 


Молитва за мир





Ние не знаеме сè за конфликтите на овој свет, ниту е неопходно да знаеме.

Едноставно се молиме со сочувствително срце за мирот на светот и за сите. Ние не заземаме страна, бидејќи секоја страна ќе одговара за злосторствата, а ние не сакаме да учествуваме во овие злосторства и да бидеме осудени.

Ако се молиме за оние кои имаат повеќе погрешни отколку исправни одлуки, ја исполнуваме заповедта да ги сакаме дури и нашите непријатели.

И ако се молиме за оние кои се повеќе во право отколку не, добро правиме.

Затоа, не можеме да погрешиме кога се молиме Бог да ги спаси сите и да му даде мир на светот.

Особено за нас свештениците и монасите е многу важно воопшто да не бидеме политички, бидејќи нашата жртва на Бога, Божествената Литургија, ја принесуваме за целиот свет.

Ако сме за другите и против другите, нашата жртва е поништена.

Мислам дека кога има војна, најдобро е да не се осудува, туку да се сочувствува и да се молиме Господ да ги поштеди сите од страдање.

Ако мојата Литургија има некаква вредност, никој не треба да отсуствува од моето срце кога ќе застанам пред Божјиот олтар и ќе Му речам:

Ние го нудиме Твоето за Тебе, за секого и за се.


Архимандрит Захариј Захару


Comments