Отец Лефтерис имал духовно искуство со Свети Серафим Саровски...


 


Отец Лефтерис имал духовно искуство со Свети Серафим Саровски...



 Отец Лефтерис Капсоменос имаше духовно искуство со Свети Серафим Саровски, без претходно да има слушнато ништо за него.

Така, старецот во сон видел дека се наоѓа во див и негостољубив пејзаж, каде што талкал во страв. Одеднаш, пред него се отвори бездна каде што црни кози, грди и ужасни за гледање, се креваа нагоре и надолу, исмејувајќи го фрлајќи подготвени да го турнат во бездната. Очајно ги сврте очите наоколу барајќи помош.

 И тогаш се појави еден монах со бела коса, и му ја подаде раката велејќи: 

Дојди заедно да ја поминеме бездната

Лефтерис му веруваше, но се осмели да праша:

Кој си ти, старче?

 А монахот се осветли со натприродна светлина и му рече: 

Јас сум Серафим и исчезна, заедно со сонот кој заврши, оставајќи во душата на се уште новиот свештеник, неопислива радост и чувство на доверба пред веќе постоечките проблеми, црковни и лични, но особено во оние што брзо се појавија во неговиот подоцнежен краток живот.


Comments